Акт за основање на Здружението за граѓани:
КОМИТЕТОТ ЗА ВИЗАНТОЛОГИЈА И МЕДИЕВИСТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА-Скопје (КВМРМ-Скопје)
На ден 23 септември 2016 г. во просториите на Македонската академија на науки и уметности-Скопје беше одржано основачко собрание на КОМИТЕТОТ ЗА ВИЗАНТОЛОГИЈА И МЕДИЕВИСТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА-Скопје (КВМРМ-Скопје). На тој начин беше формирано Здружението на граѓани под наведениот назив со седиште во Скопје, на Бул. Крсте Мисирков, бр. 2, П.С. 428 1000 Скопје, Р. Македонија. Основачи на Комитетот се: проф. д-р Тони Филипоски, со адреса: Бул. ЈНА бр. 15/2-10 Скопје; проф. д-р Милан Бошкоски, со адреса: Ул. Ѓорѓи Капчев, бр. 29б Скопје; проф. д-р Бобан Петровски со адреса: Ул. Лука Геров бр. 48/2-10 Скопје; проф. д-р Сашо Цветковски со адреса: Ул. Ѓорѓи Петрески бр. 12 Струга; проф. д-р драган Зајковски со адреса: Ул. Франклин Рузвелт бр. 59/2-26 Скопје. Основни цели на Комитетот се: афирмација и популаризација на македонската византологија, медиевистика и на сродните научни дисциплини во Р. Македонија и на меѓународно ниво; истражување и проучување на византиското и средновековното културно-историско наследство на просторот на Р. Македонија и пошироко на Балканот; следење, проучување и решавање на проблемите од областа на византологијата и медиевистиката; организирање национални научни конференции од областа на византологијата и медиевистиката; помагање во научно и стручното усовршување на своите членови и во унапредувањето на наставата во соодветните научни дисциплини; остварување контакти и воспоставување соработка со сродни научни и стручни институции/здруженија од земјата и од странство.
Скопје, 23.09.2016 г.
Претседател на КВМРМ-Скопје:
проф. д-р Тони Филипоски